ReSolution® Coaching Program
Сертифицирана обука за коучинг што создава (води до) решенија, не совети.
Старт: февруари 2026
Во време кога сите имаат одговор за сè, а сепак многумина остануваат без вистинско решение, ReSolution® Coaching Program е создадена како патека што ја враќа суштината на личниот и професионалниот развој.
Оваа обука не е уште една теорија – туку систем што создава резултат.
Програмата е внимателно дизајнирана за оние кои сакаат да развијат реални коучинг вештини:
да разберат човек, не само да го слушаат;
да препознаат корен, не само симптом;
да водат кон промена, не кон повторување на совети.
Со комбинација од Mindfulness, NLP, психосоматика, квантна хармонизација и практичен коучинг, оваа сертифицирана програма те подготвува да бидеш коуч кој умее да создава решенија – и во професионален и во личен контекст.
Зошто да се запишеш?
Затоа што бараш вистински систем, не мотивациски фрази.
Затоа што сакаш да ги научиш алатките што навистина менуваат став, мисла и однесување.
Затоа што оваа програма те учи да работиш со луѓе, а не само со техники.
Затоа што добиваш сертификат што ја потврдува твојата стручност и професионална насока.
Работиме во мали групи, со индивидуална менторска поддршка и практични процеси кои веднаш можеш да ги примениш во работа со клиенти, во едукативен контекст или за сопствена трансформација.
За кого е оваа програма?
За сите кои сакаат да го насочат својот раст кон професионална пракса во полето на личниот развој, психолошката поддршка и коучинг.
За едукатори, психолози, тренери, коучеви, лидери и фасилитатори кои сакаат да ги интегрираат NLP и Mindfulness алатките во својата работа.
За сите кои чувствуваат дека е време да создаваат решенија – не оправдувања и одложувања.
Лично искуство на предавачот
Јас сум Ирена Д. Христовска, NLP и Mindfulness тренер, лајф коуч, психокоуч и едукатор.
Во последните години работам со тинејџери, возрасни и професионалци кои бараат длабоко разбирање и применлива промена.
Во коучингот гледам начин да се најде решение – за секој проблем, за секоја лична дилема, за секој нов почеток.
ReSolution® Coaching Program е резултат на години работа со луѓе и истражување на методи што функционираат.
Тука, коучингот не е само професија – туку пат кон себе, свесност и автентичност.
Пријавите се отворени.
На овој линк закажете разговор и добијте информации поврзани за програмата.
ВАЖНО:
Со самото пријавување, резервирате термин одвоен исклучиво за Вас. Ве молиме почитувајте го тоа време — доколку не можете да присуствувате, задолжително известете најмалку 1 час однапред (е-пошта, телефон или порака) и закажете нов термин што Ви
одговара.
Ви благодариме за разбирањето. Само така можеме да работиме со луѓе кои навистина ја ценат вредноста на личниот развој.
Погледни ги нивоата на целата програма на овој линк