НЛП и Коучинг Вештини за Едукатори

                                                                                           „Разбиј стереотипи, отвори нови можности“


Програма за оние што сакаат да бидат повеќе од предавачи – вистински водичи во развојот на младите.

ЦЕЛ НА ТРЕНИНГОТ
Оваа програма е дизајнирана за едукатори кои сакаат да излезат од рамките на
класичната настава и да внесат автентичност, поврзаност и ефективна
комуникација во односот со младите. Ќе стекнете алатки за работа со различни
стилови на учење, за градење позитивна атмосфера во училница, и за одговор на
емоционалните и мотивациските потреби на учениците – без да го изгубите себе
си во процесот.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

За наставници, педагози и стручни соработници кои сакаат да работат
поинспирирано и поефективно
За едукатори кои чувствуваат замор, прегорување или „затворен круг“ во
секојдневната работа
За сите кои сакаат да внесат повеќе свесност, комуникациска вештина и
стабилност во својата професионална улога
За оние кои не сакаат само да пренесат знаење, туку да поттикнат млад
човек да размислува, да се прашува и да расте
За студенти на факултети од хуманистички науки

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

Основи на НЛП во образовен контекст
Како да препознаеш различни типови ученици и стилови на учење
Како да комуницираш јасно, стабилно и емпатично – дури и кога е тешко
Техники за градење доверба и авторитет без страв и притисок
Како да реагираш при отпор, пасивност или хаотично однесување
Вежби за смирување, фокус и внатрешна стабилност на наставникот
Како да ја водиш класата од присуство, а не од исцрпеност

ШТО ДОБИВАШ:
6 онлајн интерактивни сесии (по 3.5 часа)
2 групни Q&A/поддршка сесии
Работни листови и материјали
Пристап до затворена Facebook група
Индивидуален 30-минутен коучинг разговор по завршувањето
Сертификат за учество


    **********************************************************************************************************************************                                                                        „Разбиј стереотипи, отвори нови можности“

    Напреден НЛП и коучинг тренинг за оние кои сакаат професионално да работат со деца и младиЦЕЛ НА ОБУКАТА:
    Оваа програма е наменета само за оние кои сакаат да станат тренери, фасилитатори, ментори или коучи за млади – индивидуално или во групи. Целта е да стекнат напредни алатки, структура и сигурност да водат млади низ лични, емоционални и ментални процеси на развој. Дополнително – учесниците ќе научат како да изградат сопствена пракса или програма.

    ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА:

    Завршено основно НЛП ниво
    Лица кои сакаат да работат со деца и тинејџери: коучи, едукатори, психолог
    педагози, тренери
    Тиe што сакаат да креираат свој бизнис, работилници, програми за млади
    Тие што имаат ентузијазам за професионално-насочено ниво

    ШТО ЌЕ НАУЧИШ:

    Напредни НЛП и коучинг техники:
    Техники за градење самодоверба и мотивација кај млади
    Работа со внатрешно дете, уверувања и идентитет кај тинејџери
     Коучинг пристап за поставување цели и развој на визија
    Метапозиција, ресурсни состојби и работа со интернална конфузијаМетоди за работа со млади:
    Circle-time, групна фасилитација и градење доверба
    Теми и формати за работилници (самодоверба, граници, иднина, учење)
    Техники за суперучење и ментални мапи адаптирани за тинејџери
    Како да препознаеш и поддржиш дете во кризаСтартување сопствена пракса:
    Како да најдеш ниша и своја целна група
    Како да креираш програма/работилница од нула
    Основи на претприемачки mindset: цена, понуда, социјални мрежи
    Како да понудиш услуга – со интегритет и довербаСТРУКТУРА НА ОБУКАТА:
    9 НЕДЕЛИ / 8 МОДУЛИ + 1 сертификација
    1x неделно (3 – 3.5 часа) + вежби и супервизиска поддршка
    Онлајн преку Zoom (интерактивна, работна, со вежби)

    Услов за добивање сертификат:

    Учесникот мора да:
    Ги има проследено најмалку 7 од 8 модули во живо
    Да има поднесено краток извештај/рефлексија
    Да направи практична презентација или демо

    ШТО ДОБИВАШ СО ОВАА ОБУКА:

    Целосна напредна обука за работа со млади, со структуриран процес и лична
    поддршка – од внатрешна сигурност до практична примена.
    *******************************************************************************************************************************

                                                                                 Програма за Тренери „Води со Свој Глас“

    За идни фасилитатори и обучувачи што сакаат да работат со млади од автентичност, присуство и визија.Цел на програмата
    Да ги оспособи учесниците да водат свои групи, програми или сесии со млади – со користење на НЛП, коучинг пристап и современи методи на фасилитација. Ќе научат како да пренесуваат знаење, да водат трансформации, и да изградат
    свој автентичен стил на тренерство.

    За кого е наменета:

    За учесници кои претходно поминале основно и/или напредно ниво
    За едукатори, психолози, ментори, педагози или родители кои сакаат да
    станат тренери или фасилитатори
    За оние што сакаат да креираат сопствени обуки, работилници или
    програми за млади
    За луѓе што сакаат да работат со групи, а не само индивидуалноСтруктура:
    9 недели / 9 модули – онлајн (Zoom)

    Услов за добивање на сертификат:

    Активно учество на 95% од модулите
    Изработена и презентирана мини-обука или работилница
    1 индивидуална коучинг/менторска сесија со тренерот
    Рефлексивен осврт: „Мојот стил како тренер“

    Што добиваш:

    9 интерактивни сесии (по 3.5 ч)
    3 менторски групни сесии
    Работни тетратки и водичи
     Индивидуален фидбек и насоки
    Завршна демонстрација + Сертификат
    Препорака и поддршка за твоја обука

    Програмата е авторизирана од м-р Ирена Д.Христовска, единствен сертифициран и
    лиценциран НЛП Тренер за млади и родители, Mindfulness Intensive In-Me Trener ICI
    Berlin, Life&Psychocho Coach ICI, едукатор,обучувач, магистер за комуникации и медиуми,
    мастертренер за медиумска писменост во РСМакедонија, автор на програми и
    прирачници.

    Веќе 30 години работи во формално и неформално образование.Со имплементација на методите од експертизата и збогатување со психосоматика, квантна хармонизација, емоциомнално центрирање, енергетска психологија, креира програми за млади и возрасни. Оваа програма е резултат на нејзиното 30 годишно искуство и посветеност во работа со деца, тинејџери, млади, родители, едукатори, наставници. Втемелна на докази од пракса кои донеле видливи, мерливи и евидентни резултати на напредок.