Долго време живеев со чувство дека нешто со мене не е во ред. Не знаев точно што — само знаев дека не си припаѓам себеси. Се гледав во огледало и гледав недостатоци. Во разговори се намалував. Во одлуки се сомневав. Во тишина се критикував.
— Ана, 26 години, Скопје
Пред да дојдам кај Ирена ми беше дијагностицирана хипохондрија. Пиев лекарства препорачани од стручно лице-психијатар и одев на сесии кај стручни лица. Тоа со години се провлекуваше од 17тата година. Постојано живеев во страв дека нешто не е во ред со мене – срце, дишење, мисли… Се здебелив, а бев спортистка. Изгубив воља за сѐ. Не знаев што да правам.
Сè беше аларм.
После првата средба и јасните насоки како и практиките што ми ги постави, веднаш имаше напредок. После само три средби, не само што симптомите исчезнаа, туку првпат почувствував дека повторно имам контрола над својот живот.
Сфатив дека не морам да се борам против телото, туку да го слушам.
Дека зад секој страв стои нешто што бара љубов, не дијагноза. Тоа и си го дадов
Тоа искуство ме поттикна да се запишам на обука за коучинг – за да можам и јас некогаш да им помогнам на луѓето да го почувствуваат истиот мир што го пронајдов јас. Сега сум доста социјализирана со колегите, друштвото, дури и снимам на мојот профил.
Од срце ѝ благодарам на Ирена што не ме гледаше како „клиент“, туку како човек што со огромен потенцијал во мене“
— Марина, 24 години, Битола